ВИДЕО: Алкантара го надмина Лева, волејот на Шпанецот најубав ова коло во ЛШ

Екипата на Ливерпул со 2-0 се радуваше и во петтиот натпревар во Лигата на шампионите оваа сезона, дома против Порто. „Црвените“ веќе ја имаат обезбедено првата позиција и пласманот во осминафиналето, но и покрај тоа рутински го совладаа португалскиот гостин. 

На овој натпревар, вистински гол-убавец постигна Тиаго Алкантара. По еден слободен удар на Цимикас, топката се одби на нешто повеќе од 30 метри, а на неа налета Шпанецот кој со атрактивен волеј го отвори резултатот на „Енфилд“. 

  • Атрактивниот волеј на Алкантара: 

Иако можеби се очекуваше ова коло приматот кога се зборува за најубави голови да замине кај Роберт Левандовски кој даде ножички со Динамо Киев, сепак УЕФА го избра погодокот на Тиаго.

Алкантара беше прв во изборот, пред Левандовски, а покрај нив издвоени беа и головите на Хефти од Јанг Бојс, како и Гонсалвеш од Спортинг

Состави

Јирген Клоп

4-3-3

    Sergio Conceicao

    4-4-2