Алисон се израмни со Де Хеа и Харт, а ќе тргне и по рекордот на Реина

Алисон Де Хеа

Бразилецот Алисон Бекер уште еднаш ја сочува својата мрежа на дуелот против Челзи кој Ливерпул го доби со сигурни 2-0. Тоа беше 18-ти пат оваа сезона првиот голман на „црвените“ да не прими погодок со што се израмни со Давид Де Хеа и Џо Харт. 

На втората позиција на вечната листа е Пепе Реина кој на 20 натпревари не беше совладан, што ќе биде следниот предизвик за еден од најскапите голмани во светот.

На врвот недостижен и понатаму ќе остане Петр Чех кој во ерата на Жозе Мурињо дури во 24 наврати ја чуваше мрежата во текот на една сезона.

Тимот на Јирген Клоп води голема борба за титулата со Манчестер Сити, а до крајот на Премиер лигата остануваат уште четири кола.