Алисон: Ќе им раскажувам на децата и внуците за чудото со Барселона

Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер, во интервју за УЕФА говореше за настапот на „црвените“ во Лигата на шампионите на двомечот со Барселона, во кој англискиот премиерлигаш направи чудо, се врати од негатива од три гола и го елиминира шпансиот првак.

Тимот на Клоп загуби со 0-3 на „Камп Ноу“, но на „Енфилд Роуд“ победи со 4-0 и со вкупни 4-3 обезбеди пласман во финалето каде ќе се соочи со Тотенхем.

„Тој спомен од мечот со Барселона засекогаш ќе биде дел од мене. Ќе раскажувам за таа историја, тоа чудо и на децата и на внуците. Мислам дека е Божја волја да дојдеме до трофеј, по тој резултат така мислам. Атмосферата беше неверојатна, почувствував каква енергија даваат навивачите на „Енфилд“ кога играме дома“, изјави Алисон.

Финалето од Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Тотенхем е закажано на 1 јуни во Мадрид.