ВИДЕО: Алисон ја забавуваше публиката на „Енфилд“ со трикови и чудесни интервенции

Алисон Бекер егзибиција

Најскапиот голман во историјата на фудбалот, Алисон Бекер, вчера беше еден од хероите во минималната победа над Брајтон.

Бразилецот пристигна во Ливерпул од Рома за рекордни 78 милиони евра. Многумина се прашуваа дали цената е оправдана, а со секој одминат натпревар одговорот е појасен.

На вчерашниот меч, првиот избор на Јирген Клоп за голманската позиција одбрани неколку зицери, спасуваше чуда, а имаше и простор да прави трикови и да ја забавува домашната публика.

Одбрана на Алисон:

„Сомбреро“ на бразилскиот голман:

На крајот пресуди голот на Мохамед Салах во 23. минута за трета победа на „црвените“ и лидерска позиција во Премиер лигата.