• Саше Љолес
Бразилскиот голман од редовите на Ливерпул, Алисон Бекер, доживеа незгодна повреда на главата на натпреварот против Колумбија во мундијалските квалификации, што автоматски значи дека ќе го пропушти мега-дербито со Аргентина, кое е закажано за 26 март.
Алисон доби удар од Давидсон Санчез, а правилата на ФИФА велат дека после удар во главата, играчот мора да оди на задолжително мирување поради заштита од евентуален потрес на мозокот и други компликации.
Неговата повреда доаѓа во лош момент за селекторот Доривал Жуниор, зашто голманот во последно време прикажуваше одлична форма. Бразил се мачи во квалификациите за Светското првенство и не прикажува спектакуларни игри, но со победата над Колумбија се искачи на второто место на табелата со вкупно 21 бод.