Алисон Бекер ја освои првата награда „Јашин“

Јашин

Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер, ја освои наградата „Јашин“ која му се доделува на најдобриот голман за изминатите 12 месеци.

Ова е прва година во која „Франс Фудбал“ го крунисува најдобриот голман на светот. Бразилецот несомнено имаше најдобра сезона позади себе, во која ја освои титулата во Лигата на шампионите. Чуварот на мрежата на „црвените“ имаше клучна улога во успесите на својата екипа. 

Зад него на подиумот завршија членот на Барселона, Марк Андре Тер Штеген, и првиот голман на Манчестер Сити, Едерсон.

Одличјето го носи името по легендарниот руски голман Лав Јашин, кој е единствениот на својата позиција кој ја освоил „Златната топка“ во далечната 1963 година.

Критериуми за победа и освојување на оваа престижна награда беа индивидуалните и екипните успеси, талентот и фер-плејот на голманот.