Алиоски за „лудиот“ Биелса: Тешко нас кога ќе загубиме натпревар, тој ги мрази поразите

Алиоски гол

Македонскиот интернационалец Езџан Алиоски има одличен старт на новата сезона во англиски Чемпионшип. 26-годишникот постигна три гола и додели две асистенции, а неговиот Лидс се избори за првото место на табелата по девет одиграни кола.

Поразот од Бирмингем во минатато коло беше прв неуспех за тимот на Марсело Биелса, кој според зборовите на Алиоски мрази кога губи.

„Биелса мрази кога губи. Подобро за вас е да не загубите кога го имате него како тренер. Но сепак, тој верува и зборува со нас. Ни потенцира на лошите страни и како истите да се поправат за следниот меч. Неговиот глас ни кажува дека ќе имаме тешка недела доколку повторно загубиме на наредниот меч. Самодовербата ја имаме и само треба истата да ја пренесиме на теренот. Работиме напорно и секако дека сакаме да напредуваме од недела во недела“ , вели македонскиот офанзивен играч.

Можност за поправен, фудбалерите на Лидс ќе имаат вечерва, кога ќе му гостуваат на Шефилд Венздеј.