ВИДЕО: Алиоски со седмиот сезонски погодок стави печат на победата на Лидс

Езџан Алиоски

Македонскиот фудбалер Езџан Алиоски го постигна последниот погодок во високата победа на Лидс Јунајтед против Вест Бромвич Албион (4-0).

Седмата сезонска реализација, 27-годишниот крилен играч ја оствари од непосредна близина, а на истата му претходеше прекрасна акција на неговите соиграчи.

Погледнете го голот на Алиоски:

Со триумфот, избраниците на Марсело Биелса повторно се искачија на врвот на табелата во Чемпионшип, со еден бод предност пред Норвич.