ВИДЕО: Алиоски со Лугано поразен од Цирих во финалето на Купот на Швајцарија

Фудбалерите на Цирих успеаа во финалето на Купот на Швајцарија да го совладаат Лугано на нашиот Алиоски со 1-0 (1-0) и колку-толку да го намалат гневот на своите навивачи по испаѓањето од првата лига. Алиоски на денешниот натпревар беше во стартната постава, а од игра беше заменет во 56. минута.

Денешнто финале се одигра на стадионот во Лугано. Фудбалерите на Зденек Земан беа тие кои имаа шанса први да го отворат резултатот, но Ботани во 32. минута промаши удар од белата точка. Казната стигна набргу, веќе во 41. минута фудбалерите на Цирих поведоа со 1-0, откако гол постигна Сар. На крајот тој гол се покажа и како доволен за нова титула за Цирих, по 2014 година.

Фудбалерите на Цирих во своето десетто финале, успеаа да ја освојат деветтата титула и да обезбедат настап во ЛЕ за наредната сезона. Лугано на нашиот Алиоски го играше седмото финале, но остана на три трофеји, последниот во 1993 година.