ВИДЕО: Алиоски со две асистенции го врати Лидс на врвот на Чемпионшип

Фудбалерите на Лидс Јунајтед, во рамките на 32. коло на Чемпионшип, го совладаа Свонси со 2-1 (2-0) и се вратија на врвот на табелата, откако тимот на Норвич загуби со 3-1 кај Престон

Главен протагонист во важната победа на Лидс беше нашиот репрезентативец Езџан Алиоски, кој беше асистент при двата гола на домаќините. Најпрво во 20. минута асистираше за голот на Понтус Јохансон, а 14 минути подоцна одлично центрираше до Џек Харисон, кој погоди за 2-0. Поразот на гостите го ублажи МекБурни со гол од пенал во 87. минута.

Во следното коло Лидс на домашен терен ќе го пречека тимот на Болтон и тоа ќе биде нова шанса за победа и доближување до директен пласман во Премиер лигата.