ВИДЕО: Алиоски со асистенција го спаси Лидс од домашен пораз

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски продолжува со добри партии во дресот на Лидс Јунајтед. Поранешниот фудбалер на Лугано со асистенција од слободен удар го спаси Лидс од пораз во Брендфорд.

Имено, по центаршутот на Алиоски, Понтус Јансон погоди со глава за финални 1-1. Брендфорд претходно поведе од пенал со гол на Маупај.

И покрај ова реми екипата од „Елан Роуд“ останува лидер, но постои ризик да ја загуби челната позиција од Мидлзброу.