ВИДЕО: Што ли мислеше Алиоски? Смешна глума на македонскиот репрезентативец против Рединг

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски, кој втора сезона во низа ги брани боите на англискиот великан Лидс Јунајтед, не може да се пофали со добри игри во последниот период во Чемпионшип лигата. 

Крилниот фудбалер имаше одличен старт, но во вториот дел од есенската сезона игра далеку под нивото, а својата немоќ ја демонстрираше и на вчерашниот натпревар против Рединг, кога во 44. минута со смешна глума сакаше да изнуди пенал за својот тим. Сепак, главниот судија Мајк Дин не наседна на симулацијата и Алиоски заслужено доби жолт картон, а потоа не го започна вториот дел, откако беше заменет со Кларк. 

Тимот од Јоркшир стигна до посакуваните три бода од овој меч, а за истите се избори Далас со гол во 60. минута за конечни 1-0. По 19 кола во втората по ранг англиска лига, Лидс е на втората позиција со само еден бод заостанување зад лидерот Норвич.