Алиоски се врати во првиот тим на Лидс и веднаш собра – големи пофалби!

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски на дуелот против Брентфорд се најде во стартниот тим на Лидс Јунајтед и неговиот тим успеа пред домашната публика да слави со минимални 1-0 (0-0).

Алиоски имаше улога на лев бек, а доби пофалби, затоа што имаше извонреден меч и беше еден од најдобрите на теренот. Македонскиот репрезентативец имаше 100 контакти со топката, што беше најмногу на теренот.

Исто така, Алиоски создаде и три шанси за гол, а кога се работи за дефанзивата, пресече три топки на противникот, со што беше втор во неговиот тим, по Бен Вајт со седум. 

Англиските медиуми го оценија настапот на Алиоски со висока оценка.