Алиоски се повреди, Лидс сè подалеку од директен пласман во ПЛ!

Фудбалерите на Лидс, во рамките на 44. коло од Чемпионшип дивизијата, запишаа непланиран пораз од тимот на Брентфорд со 2-0 и сега се сè подалеку од директен пласман во Премиер лигата.

Од самиот старт во тимот беше и нашиот Алиоски, но во осмата минута заработи незгодна повреда поради која мораше да биде заменет. Според првичните информации сезоната за него е завршена, а по извршените детални прегледи ќе биде позната точната дијагноза.

Домаќините победата ја најавија со голот на Нел Мупе во финишот на првиот дел, а истата ја потврди Серџи Канос со погодок во 63. минута.

Доколку повредата на Алиоски е од сериозен карактер тоа ќе биде хендикеп и за репрезентацијата на Македонија, која во јуни во рамките на квалификациите за пласман на Европското првенство, во Скопје ќе игра против Полска и Австрија.