Алиоски „растура“ во Швајцарија: Нов гол и асистенција за репрезентативецот во Лугано (ВИДЕО)

Продолжуваат добрите настапи на Езџан Алиоски во швајцарскиот шампионат. Македонскиот репрезентативец го постигна вториот гол во победата на неговиот Лугано против Грасхоперс во рамките на 8. коло на шампионатот на Швајцарија.

Македонскиот репрезентативец асистираше за водство на домаќините со голот на Росети во 31. минута, а во 67. минута погоди за конечни 2-0 (1-0).

Алиоски погоди на три од последните пет средби, а даде гол и за Македонија на квалификацискиот меч во Скадар против Албанија