ВИДЕО: Алиоски распали со левицата, но недоволно за победа на Лидс

Македонскиот фудбалски репрезентативец Езџан Алиоски продолжува со фантастичните настапи во Чемпионшип, и на денешниот меч на својот Лидс против Бирмигнем постигна супер-гол, но за жал недоволен за поволен резултат на својот тим. 

Некогашниот англиски великан на својот „Еланд Роуд“ го запиша својот прв домашен неуспех, откако со 1-2 го загуби мечот со некогашниот премиерлигашки ривал Бирмингем. За многумина еден од најдобрите млади фудбалери на Англија, Че Адамс со два брзи гола донесе сигурно водство на Бирмингем од 0-2, кој до крајот на мечот беше само намалено, со прекрасниот погодок на македонскиот репрезентативец. 

И покрај овој неуспех, Лидс останува лидер на табелата во Чемпионшип и со 18 бода ја дели првата позиција со тимот на Мидлсброу.