Алиоски повтори достигнувања на Рио Фердинанд и Гери Мекалистер

Алиоски Езџан

Езџан Алиоски го постигна погодокот за Македонија, која загуби од Украина во третото коло на Европското првенство.

Фудбалерот на Лидс Јунајтед беше успешен од вториот обид, откако првично не успеа да го совлада украинскиот голман од белата точка. Неговата реализација ја подигна самодовербата кај македонските фудбалери, кои притискаа до крај, но не остварија позитивен резултат на „Националната Арена“ во Букурешт.

Со овој погодок Алиоски застана во друштво на Рио Фердинанд. Англичанецот е последниот фудбалер кој како дел од тимот од „Еланд Роуд“ се израдува на погодок на еден голем турнир (СП 2002). Исто така, македонскиот оперативец по левата страна стана првиот играч по Гери МекAлистер (ЕП 1992), кој како член на Лидс се израдува на погодок на едно Европско првенство.

Иднината на Алиоски во Лидс Јунајтед останува под знак прашалник, бидејќи левиот бек ја одби првичната понуда за нов договор на премиерлигашот.