Алиоски останува без својот тренер, „лудакот“ сака да се врати во Италија!?

Фанатикот Марсело Биелса многу краток период беше дел од италијанска Серија А. Во 2016 година тој стана дел од Лацио, но по два дена си замина. Потоа работеше во Лил, а од 2018 година е главен тренер на Лидс Јунајтед, каде што настапува Езџан Алиоски. Сега се шпекулира дека „лудакот“, како што го нарекуваат Аргентинецот, прави напори повторно да се врати во Италија.

Наводно тој сака да го напушти „Еланд Роуд“ и да води тим од италијанското првенство. Подготвени за соработка се од екипата на Верона, но тоа би се случило само ако Лидс не успее да обезбеди пласман во Премиер лигата.

Идентично загреана за него е и Фиорентина, која го посакува на својата клупа, како замена за Џузепе Јакини.

Биелса се прослави со својата работа во репрезентациите на Чиле и Аргентина, а потоа и во Атлетик Билбао, Олимпик Марсеј, Лил и Лидс Јунајтед.