Алиоски одигра лош меч, Лидс и со 36 шута се посрамоти против Виган

Екипата на Лидс Јунајтед доживеа срамен пораз на домашен терен и направи чекор назад во борбата за пласман во Премиер лигата, откако дуелот со Виган заврши со резултат 1-2 (1-1).

Домашните први имаа предност, имаа и играч повеќе уште од 14. минута, но гостите беа тие што ја однесоа победата и направија чекор напред во битката за опстанок. Алиоски и Лидс, пак, направија чекор назад во борбата за Премиер лигата и сега се на третото место поради победа на конкурентот Шефилд Јунајтед.

Езџан Алиоски се најде во првиот тим на Лидс Јунајтед, но не импресионира со својата игра. Беше на удар на англиската јавност, поради неговите нереализирани шанси на натпреварот, но и лошата поставеност во одбраната на фаворитот.

  • Извештај од натпреварот: 

Лидс Јунајтед е на третото место во Чемпионшип со 82 бода, исто колку и Шефилд Јунајтед, а во наредното коло тимот гостува кај Брентфорд.