Алиоски одби да ја открие тајната на „лудата“ прослава: Извинете, ама...

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски игра во одлична форма за Лидс Јунајтед, а покрај поради головите, тој е во фокусот на англиската јавност поради лудата прослава и потезите кои ги изведе со соиграчите по последниот гол.

27-годишниот фудбалер ги реди соиграчите во линија, а потоа тие гестикулираат нешто со рацете. Англиските новинари го прашаа Алиоски за неговата прослава, но тој одби да им даде одговор.

„Извинете, но тоа ќе остане тајна. Не сакам да откријам зошто го правиме тоа и не можам да ви кажам“, беше одговорот на македонскиот репрезентативец.

Алиоски на изминатите мечеви игра на левата бековска позиција во Лидс Јунајтед, но тоа не го спречува во одредени моменти да учествува во нападот и да дава голови. Брзоногиот фудбалер погоди двапати на последните три меча за тимот кој се натпреварува во Чемпионшип лигата.