ВИДЕО: Алиоски од клупа го следеше првиот домашен пораз на Лидс

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски не доби шанса за нов премиерлигашки настап во дресот на Лидс Јунајтед во домашниот пораз од Вулверхемптон (0-1), прв за повратникот во елитата на „Еланд Роуд“ оваа сезона.

  • Извештај од натпреварот:

И двата тима одиграа еден динамичен дуел, а можеше да има повеќе голови да не беше ВАР-технологијата која двапати интервенира и спречи да се тресат мрежите. Лидс прв погоди во 7. минута преку Бамфорд, но судиите покажаа офсајд, додека Вулвс имаше поништен погодок во 53. минута на Роман Сајс исто така поради офсајд.

Човек на одлука на оваа средба беше мексиканскиот напаѓач Раул Хименез. „Деветката“ на гостинот влезе по десната страна, атрактивно го исфрли чуварот, па биеше со десната нога, а топката заврши во Калвин Филипс и потоа во мрежата на Лидс.

За Вулверхемптон ова е трета победа во Премиер лигата во новата сезона, додека Лидс ја заврши серијата од три меча без неуспех и загуби вторпат, по оној стартен пораз во лудиот меч со Ливерпул.