Алиоски од болнички кревет порача: Ќе се вратам уште посилен!

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски успешно е опериран и за него сезоната во англиската Чемпионшип лига заврши, а неизвесни се и настапите за Македонија, во квалификациите за ЕП 2020.

Нашиот репрезентативец ги одигра само почетните 12 минути игра, откако поради силни болки во пределот на коленото беше приморан предвреме да го заврши мечот, а по денешните дополнителни прегледи пристигна најлошата вест. 

Од редовите на Лидс информираа дека сезоната за македонскиот интернационалец е завршена, откако синоќа го скинал менискусот на коленото и ќе му биде извршен оперативен зафат, а по операцијата, се огласи и самиот Алиоски.

„Ви благодарам за поддршката, ќе се вратам уште посилен“, порача македонскиот репрезентативец, директно од болничкиот кревет.

27-годишникот ја играше својата најдобра сезона во кариерата, под водство на Марсело Биелса ги покриваше и бековската и крилната лева позиција, а како стартер одигра 43 натпревари во Чемпионшип.