Алиоски: Нека не дадам гол, само Македонија да победи

Фудбалската репрезентација на Македонија во полн состав се подготвува за дуелот со Лихтенштајн, трет за националниот тим во Лигата на нациите. На утринскиот тренинг, пред новинарите говореше Езџан Алиоски, кој истакна дека ништо не е готово и мора да се биде максимално внимателен пред наредните две средби.

„Има уште да играме, со двете стартни победи ништо не е готово. Имаме добри играчи, се наоѓаме во добра форма и сега не очекува Лихтенштајн. Мора да го добиеме овој меч. Но, пак велам дека ништо не е готово. И нема да е толку лесно, затоа што во фудбалот се е можно. Но, ние сме поквалитетни, ни се вратија Хасани и Адеми. Треба да имаме концентрација како на последните мечеви. Ако играме така, сигурно ќе победиме. Играм во добра форма, дадов два гола на првите два меча, но не ми е важно кој ќе даде гол, сакам да победиме. Секако дека сакам пак да дадам гол, но и да не дадам, ќе бидам среќен со три бода“, изјави Алиоски.

Натпреварот меѓу Македонија и Лихтенштајн се игра на 13 октомври на „Филип Втори“ Арената во Скопје, а билетите се веќе пуштени во продажба и чинат 150 за Северната и 100 денари за Јужната трибина.

УЕФА Лига на нации, Лига Д, Гр. 4
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 МакедонијаМакедонија 6 5 0 1 14:5 9 15
2 ЕрменијаЕрменија 6 3 1 2 14:8 6 10
3 ГибралтарГибралтар 6 2 0 4 5:15 -10 6
4 ЛихтенштајнЛихтенштајн 6 1 1 4 7:12 -5 4