ВИДЕО: Алиоски награден за гол на сезоната во дресот на Лидс Јунајтед

Голот на македонскиот репрезентативец, Езџан Алиоски против Нотингем Форест е прогласен за најубав гол на Лидс Јунајтед во сезоната која е на истек во Чемпионшип. Нашиот интернационалец вечерва на церемонија организирана од клубот ја доби заслужената награда. 

Алиоски беше номиниран и за фудбалер на сезоната, но Шпанецот Пабло Хернандез доби најмногу гласови од соиграчите.