Алиоски на мета на навивачите на Лидс: „Тој е слабата точка во екипата...“

Алиоски

Изминатиот викенд донесе нов пораз за екипата на Лидс Јунајтед. Тоа беше четврти неуспех во последните пет натпревари за фудбалерите на Марсело Биелса.

Навивачите со право се незадоволни од последното издание на тимот, а на мета беше нашиот репрезентативец Езџан Алиоски. Според многумина, тој беше слабата точка во екипата во поразот од Нотингем Форест.

27-годишниот Алиоски ја заработи седмата сезонска опомена на 27-от натпревар оваа сезона. На истиот беше заменет во 71. минута од страна на Шеклтон.

Лидс со лошата форма си ја закомплицира можноста на рутински начин да се избори за директен пласман во Премиер лигата.