Алиоски на мегдан со Столе, Фенер ќе го дочека Рајо во тест натпревар

За време на Светското првенство, клубовите кои не даваат премногу претставници на турнирот го користат периодот за пријателски натпревари со цел да се задржи формата колку што се може за време на паузата. 

Таков е случајот со клубовите во кои има македонски репрезентативци, а двајца од нив се очекува да вкрстат копја во тест дуел. Се работи за Езџан Алиоски и Столе Димитриевски кои би требало да земат учество во пријателската средба на Фенербахче и Рајо Ваљекано. 

Шпанскиот прволигаш ќе гостува во Истанбул, на стадионот „Шукру Сарачоглу“ в среда во терминот од 18:00 часот. Алиоски и Столе во главно се стартери за своите екипи, па поради тоа се очекува да заиграат еден против друг на пријателскиот натпревар.