Алиоски: Мора да играме исто како против „големите“ и со Украина, Грузија...

Македонија успеа да извлече уште еден историски резултат во евро-квалификациите и ремизираше со фаворизираната Англија (1-1). Репрезентативецот Езџан Алиоски не го криеше задоволството по големото реми.

„Тимски добро одигравме и тактички добро стоевме, а тоа ни требаше. Тешко беше да создаваме шанси и да имаме посед, меѓутоа во дефанзива бевме добри и така треба да играме против поголемите екипи. Против големите екипи имаме фокус и сме добри, но треба исто и против Украина, Грузија... Со ваква концентрација и дисциплина како против Англија, може да направиме нешто и за иднината“, изјави Алиоски. 

Во овој циклус Македонија финишира на претпоследното место, само пред Малта против која беа и двете победи. Сепак, имаше две ремија против Италија и Англија  

Состави

Благоја Милевски

3-5-2

    Герет Саутгејт

    4-2-3-1