ВИДЕО: Алиоски лудуваше на стадионот на Дерби и ги изнервира редарите

Езџан Алиоски е повреден и нема да може да му помогне на Лидс Јунајтед до крајот на сезоната, но пак се најде во центарот на вниманието, овој пат поради глупирање на стадионот на Дерби Каунти.

Пред мечот од плеј-офот во Чемшионшип лигата, Џани реши да го „урива“ стадионот на Дерби. Додека фудбалерите на Лидс Јунајтед излегуваа на загревање, Алиоски почна лудо да го тресе тунелот.

Потегот на Алиоски ги нанервира дури и редарите, кои дојдоа да интервенираат. Македонскиот репрезентативец само им се насмевна, па си продолжи со соиграчите на теренот.

Лидс Јунајтед забележа голема победа кај Дерби и е на чекор до наредната фаза во плеј-офот за влез во Премиер лигата.