Алиоски: Лесно е да се каже „сакам шест бода“, но знам дека ќе биде ептен тешко!

Џани Алиоски е еден од лидерите на оваа генерација во фудбалската репрезентација на Македонија. По двата порази од Полска и Австрија, националниот тим е фокусиран на две гостувања - Израел и Летонија, а брзоногиот фудбалер е свесен дека ќе биде тешко да се совладаат ривалите, но не и невозможно.

„Сите сме во добра форма. Сега сум фокусиран на Македонија и сакам да го дадам најдоброто. Лесно е да се каже дека сакам шест бода со Израел и Летонија, но знаеме дека ќе биде многу тешко. Можеме да освоиме шест бода, само ако го дадеме најдоброто од нас. Израел е нова селекција, знам дека сите што ќе играме, нема да ни биде воопшто лесно да се спротиставиме. Мора да играме како што игравме против другите селекции. Ако играме на пример како со Полска, можеме да се надеваме на резултат“, изјави Алиоски.

Натпреварот меѓу Израел и Македонија е закажан на 5 септември, а истиот ќе биде прв меѓусебен во квалификациите за ЕП 2020. Последното гостување во Израел, нашиот национален тим го памети по добро, затоа што си замина со три бода.

Европско првенство, Квалификации, Група G
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ПолскаПолска 8 6 1 1 13:2 11 19
2 АвстријаАвстрија 8 5 1 2 17:7 10 16
3 МакедонијаМакедонија 8 3 2 3 10:11 -1 11
4 СловенијаСловенија 8 3 2 3 13:8 5 11
5 ИзраелИзраел 8 3 2 3 15:15 0 11
6 ЛетонијаЛетонија 8 0 0 8 2:27 -25 0