ВИДЕО: Алиоски ја „скрши“ стативата, Лидс се врати на врвот во Чемпионшип!

Лидс Јунајтед се врати на врвот на табелата во Чемпионшип, а македонскиот интернационалец Езџан Алиоски со прекрасен удар ја здрма стативата од голот на Ипсвич. 

Недостигаше само уште гол да се круниса одличната партија на македонскиот интернационалец, но среќата овој пат му го сврте грбот.

Погледнете го ударот во стативата на Алиоски против Ипсвич:

Лидс Јунајтед го победи Ипсвич со 2-0 со головите на Руф и Купер и се искачи на врвот на табелата во Чемпионшип со 26 бода, исто колку што има и Мидлсброу.