ВИДЕО: Алиоски ја отвори годината со стил, даде гол за Лидс Јунајтед!

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски ја отвори 2019 година со стил и уште во првиот ден од новата година успеа да стресе противничка мрежа во дресот на Лидс Јунајтед.

Крилниот напаѓач погоди на натпреварот против Нотингем Форест, за предност на Лидс од 1-2. Алиоски ја стресе мрежата во 65. минута, откако по еден центаршут, соиграч го проигра со глава, а тој беше осамен пред голот и лесно реализира.

За македонскиот фудбалер ова е четврти гол во Чемпионшип лигата оваа сезона. Лидс Јунајтед на крајот не успеа да се радува на победата, затоа што загуби со убедливи 2-4.