ВИДЕО: Алиоски изнуди пенал за победа на Фенербахче!

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски одигра одличен натпревар за Фенербахче во кој изнуди пенал за победа над Сиваспор (1-0).

Крилниот играч во 55. минута беше срушен во казнениот простор на ривалот, а одговорноста за најстрогата казна ја презеде Валенсија. Тој гол беше доволен за победа на фаворитот на хартија. Навивачите на ривалите се лути, затоа што тврдат дека нема пенал за Фенербахче, затоа што Алиоски бил под фаул надвор од казнениот простор, но се фрлил внатре.

Триумфот на Фенер добива на тежина затоа што беше извојуван со играч помалку откако во 48. минута црвен картон заработи Митчу Бачуаији. Фенербахче останува лидер во Суперлигата, со пет победи во серија.

Состави

Jorge Jesus

4-1-3-2

    Riza Calimbay

    4-2-3-1