ВИДЕО: Алиоски и Лидс во 101. минута се спасија од пораз кај Мидлсброу

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски и неговиот Лидс Јунајтед успеаја да освојат бод на гостувањето кај Мидлсброу и тоа со погодок постигнат дури единаесет минути по истекот на регуларните 90 минути (1-1).

Лидерот во Чемпионшип лигата се спаси во самиот финиш и успеа да го постигне најдоцниот гол во својата историја. Мидлсброу водеше со голот на Винг од 47. минута, додека во 101. минута од мечот, Калвин Филипс ја стресе мрежата на домаќинот за конечни 1-1. Алиоски нафрли по еден корнер, а Купер со глава го проигра Филипс кој не погреши.

Алиоски на терен мина 90. минути, а претжно имаше дефанзивни задачи затоа што во поголемиот дел од мечот играше како лев бек. Лидс со овој бод останува лидер во лигата, но Норич има меч помалку и ако победи ќе го спушти тимот на Алиоски од врвот.