Алиоски и Лидс му се враќаат на фудбалот, Чемпионшип почнува на 20 јуни

Организацијата на Англиските фудбалски лиги донесе одлука околу враќањето на Чемпионшип лигата и нејзиниот рестарт е закажан за 20 јуни. 

Иако пред неколку дена беше објавено дека десетина фудбалери од ова натпреварување се позитивни на ковид-19, сепак ЕФЛ реши дека услови за фудбал има. Така, Лидс Јунајдед и Езџан Алиоски имаат 20 дена да се вратат во целосен натпреварувачки ритам пред почетокот на првенството. Лидс пред прекинот e лидер, со бод повеќе од ВБА и предност од седум ред третиот Фулам.

Според првичните планови, Чемпионшип треба да се комплетира до 30 јули, а ќе има промена во бројот на играчи по натпревар, па во протоколот, наместо 18, ќе смее да има двајца фудбалери повеќе.

Најдобрите две екипи во лигата се промовираат во премиерлигаши, а уште четири екипи ќе се борат за последното место кое води во елитната категорија.