ВИДЕО: Алиоски и Лидс „газат“ и го презедоа врвот во Чемпионшип

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски и неговиот Лидс Јунајтед продолжија со одличните партии во англиската Чемпионшип лига. 

Лидс, кој важи за еден од фаворитите за влез во Премиер лигата, во рамки на 22. коло со минимални 0-1 (0-0) славеше на гостувањето кај Болтон. Единствениот погодок го постигна повратникот Бамфорд, во 66. минута од мечот.

Алиоски се најде во стартниот состав и ги одигра целите 90 минути. Лидс е лидер во елитата со 45 бода, два помалку од второпласираниот Норич, кој има и меч помалку во новата сезона од англиската второлигашка конференција.