ВИДЕО: Алиоски го води Лидс кон Премиер лигата со супер-важен гол против Фулам

Езџан Алиоски пак е стрелец за Лидс Јунајтед и го води својот тим кон Премиер лигата. Македонскиот ас погоди во 56. минута од дуелот против Фулам на „Елан роуд“, зголемувајќи ја предноста на екипата на Биелса на 2-0.

На голот му претходеше голем кикс на одбраната на лондонскиот клуб, па асистенцијата на Харисон дојде како нарачана за Алиоски.

  • Голот на Алиоски против Фулам:  

Со победа на овој дуел Лидс Јунајтед со 74 бода ќе се зацврсти сам на врвот, со три бода повеќе од Вест Бромвич Албион.