ВИДЕО: Алиоски го прекина постот, погоди за победа против Барнсли

Продолжува голгетерската серија на македонските интернационалци ширум Европа. По голот за заверка на победата на Палермо на Александар Трајковски, репрезентативецот на Македонија, Езџан Алиоски, погоди во 50. минута за да донесе водство на Лидс Јунајтед во дуелот со Барнсли и конечна победа од 2-1.

По пауза од девет кола и погодокот против Дерби, 26-годишникот денес го запиша седмиот сезонски гол во дресот на англискиот второлигаш.

Долгата акција на домашните фудбалери на левата страна одлично ја пратеше нашиот фудбалер, кој од непосредна близина погоди за 2-1.