ВИДЕО: Алиоски го „насамари“ Пепе, гредата и стативата го спасуваа Арсенал од пораз во Лидс

Екипата на Лидс Јунајтед впиша голем бод на своето конто во Премиер лигата, откако во рамки на деветтото коло на англиската елита на свој терен одигра 0-0 против фаворизираниот тим на Арсенал

Дербито на „Еланд Роуд“ не донесе така атрактивен и возбудлив натпревар каков што се очекуваше. Со оглед на формата на двете екипи, како и офанзивниот пристап на играта на двајцата менаџери, вечерва се очекуваше голеада во Лидс, но актерите потфрлија во реализацијата и за првпат оваа сезона одиграа натпревар без голови.

  • Извештај од натпреварот:

Нашиот репрезентативец Езџан Алиоски повторно доби шанса од првата минута и одигра одличен меч против големиот фаворит, а токму тој во 50. минута беше во центарот на вниманието. 

Најскапото засилување во историјата на Раенал, Пепе влезе во конфликт со македонскиот фудбалер и неспортски го удри со глава, по што „десетката“ на Лидс падна на земја, а судијата Ентони Тејлор по прегледите на ВАР мониторот му го покажа патот до соблекувалната. 

<<< ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Пепе влезе во конфликт со Алиоски и го удри со глава, па си доби црвен картон!

Со играч помалку Арсенал мораше да се повлече, а Лидс влезе во целосна офанзива, но немаше среќа. Првата посериозна шанса ја пропушти Бамфорд во 74. минута, а потоа Родриго ја затресе пречката од голот на Лено.

Арсенал пак беше приморан својата шанса да ја чека преку контра напад и единствено се закани преку Сака, кој не реализира од зицер позиција. Шансата на натпреварот ја имаше домашниот напаѓач Бамфорд, откако со глава ја погоди само рамката од голот на „топџиите“. Во последните моменти од натпреварот стативата од голот на Арсенал повторно се тресеше, а овој пат „несреќникот“ беше Рафиња.