Алиоски ги објасни лудостите: Ми доаѓаат од главата, јас уживам во животот!

Џани Алиоски важи за човек кој со своите лудости ја крева атмосферата во Лидс Јунајтед и во репрезентацијата на Македонија. Во интервју за англиските медиуми тој зборуваше за неговите потези и истакна дека е човек што сака да се шегува и секогаш да биде добро расположен.

„Некогаш не размислувам што правам, туку тоа ми доаѓа од главата. Јас сум човек што секогаш сака да е добро расположен, да се шегува, но и да биде сериозен кога е потребно во соблекувалната. Во ред е некогаш да бидеш сериозен, но не и секогаш. Мора да уживаш во животот, затоа што не е лесно да патуваш, да играш фудбал, мора да се забавуваш и да бараш начин да се смееш. Никогаш не заборавам да се смеам и секогаш сум добро расположен, иако не секогаш сум внатрешно добро расположен“, изјави Алиоски.

Македонскиот репрезентативец се врати во тимот на Лидс Јунајтед и двапати влезе од клупата на последните два меча. Некогашниот англиски првак е во горниот дел на табелата во Чемпионшип и важи за еден од фаворитите за промоција.