Алиоски: Филозофијата на Биелса го направи Лидс многу помоќен!

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски и неговиот Лидс имаат успешен старт на новата сезона во Чемпиошип. Некогашниот шампион на Англија по пет одиграни кола е на челната позиција со четири победи и едно реми, а за многумина најзаслужен за тоа е новиот менаџер, кој пристигна ова лето, Марсело Биелса. 

Токму тоа мислење го дели и нашиот Алиоски, кој за локалните медиуми изјави дека филозофијата на популарниот „лудак“ го направи Лидс многу помоќен во однос на лани. 

„Тренинзите кои ги одработуваме навистина се многу тешки. Но, само така можеше да бидеме подобри и мораме напорно да работиме за да продолжиме со успесите во шампионатот. Ние сме скоро истиот состав од лани, но филозофијата на Биелса нè направи подобри фудбалери, а Лидс помоќен во однос на претходната сезона. Убаво е да е игра на терен кога си среќен, овој Лидс игра модерен и атрактивен фудбал“, вели Алиоски. 

Во досегашниот дел од сезоната, 26-годишниот Алиоски запиша два гола, од кој последниот против Норвич е прогласен за гол на колото во Чемпионшип