Алиоски: Фала му на Бога што работам со тренер како Биелса!

Можеви баш оваа сезона е вистинската за англискиот гигант Лидс Јунајтед. Клубот за кој настапува нашиот Езџан Алиоски се надева дека по две елиминации во плеј-офот на Чемпионшип, ова лето ќе може да се промовира во премиерлигаш.

Членот на националната репрезентација зборуваше за Марсело Биелса, кој со сигурност е најзаслужниот за прогресот на клубот од „Еланд роуд“.

„Со Марсело Биелса е фантастично да се работи. Втора година сме со него, посветува многу внимание на теретаната и физичката спремност. Тешко е, но Биелса бара максимална дисциплина. Тренираме пет часа, мораме да јадеме заедно, пропишана ни е стриктна програма.

Со Биелса стануваш и подобар човек. Детално анализираме, знаеме до најмал детаљ за противникот. Дури и во овој момент верувам дека знае каде е секој играч на Лидс. Благодарен сум му на Бога што имам прилика да работам со него“, рече прилепчанецот.

Алиоски ја игра третата сезона во Англија, откако претходно со успех настапуваше во Лугано и Шафхаузен.