Алиоски е во тимот од шест фудбалери на својот соиграч заедно со Меси, Мата...

Алиоски

Добро познато е дека Езџан Алиоски е омилен меѓу своите соиграчи. На сите нив им се допаѓа неговиот карактер кој носи позитивна енергија во соблекувалната.

Секако несомнени се неговите фудбалски квалитети, а доказ за тоа е изборот на неговиот соиграч Пабло Хернандез. Поранешниот член на Валенсија, Хетафе и Свонси направи тим од пет фудбалери и го вклучи нашиот репрезентативец.

Покрај него , Шпанецот ги вклучи уште и Лионел Меси, Хуан Мата, Пабло Пиати, Михаел Лаудруп и Давид Силва.

Ветеранот, кој има 34 години, исто така откри дека негов фудбалски идол бил токму Лаудруп.