ВИДЕО: Алиоски е прав МАЈСТОР, даде фантастичен гол за Лидс!

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски одигра фантастичен меч за Лидс Јунајтед и се запиша во листата на стрелците на дуелот против Болтон (2-1).

Алиоски го даде вториот гол за домашните, за победа. Крилниот офанзивец доби топка од Клич, си создаде простор од десната страна и биеше под пречката. Голманот на Болтон беше изненаден и не очекуваше дека топката ќе заврши во мрежата.

Погледнете го ефектниот погодок на Езџан Алисоки:

За Алиоски ова е шести погодок за Лидс Јунајтед во тековната сезона во Чемпионшип. По 34 кола Лидс Јунајтед скокна до 64 бода и ги обнови своите шанси за директна промоција во Премиер лигата.