Алиоски до Биелса: Чест ми беше да работам и учам од тебе!

Лидс Јунајтед е во криза, а цехот за тоа го плати Марсело Биелса. Искусниот аргентински стратег не наиде на разбирање од управата, па иако го врати тимот во англиската елита сепак заработи отказ. 

Во тимот од „Еланд Роуд“ до претходното лето настапуваше Езџан Алиоски кој соработуваше со Биелса. Популарниот „Локо“ имаше огромна почит кон македонскиот репрезентативен бек, а двајцата имаа посебен однос. Поради тоа, по отказот во Лидс преку социјалните мрежи Алиоски му испрати порака на Биелса. 

„Засекогаш ќе бидам благодарен за тоа што го направи за мене! 

Чест ми беше да работам и да учам од тебе. Благодарам, Марсело Биелса“, напиша Алиоски. 

  • Објавата на Езџан Алиоски за Биелса: 

Алиоски настапуваше за Лидс од 2017 до 2021 година. Марсело Биелса пристигна во клубот во 2018 и заедно со Алиоски и останатите го крена трофејот во Чемпионшип лигата, по што Лидс се врати во Премиер лигата по долга пауза.