ВИДЕО: Алиоски диригираше, нова луда прослава на триумф на Лидс Јунајтед!

Лидс Јунајтед им се врати на победите и екипата на Марсело Биела пак од врвот ги гледа сите членови на Чемпионшип. По триумфот против Вест Бромвич Албион со 4-0 во рамките на 35. коло, започна славјето на „белите“.

Откако го постигна голот за 4-0, нашиот репрезентативец Езџан Алиоски започна нова оригинална прослава. 

Во последните три месеци од сезоната Лидс влегува со реални шанси за историска промоција во Премиер лигата. Нашиот Алиоски веќе запиша седум гола, играјќи на скоро сите позиции на кои Биесла ќе го постави.