ВИДЕО: Алиоски асистент, Лидс го доби Дерби на Френк Лампард

Фудбалерите на Лидс Јунајтед, по два порази во серија, во рамките на 27. коло во Чемпионшип славеа победа од 2-0 против тимот на Дерби Каунти, кој го предводи Френк Лампард и се зацврстија на првото место.

Нашиот Езџан Алиоски одигра одличен натпревар, а беше и асистент при вториот погодок, по кој фудбалерите на Лидс се доближија до нова победа. Уште на самиот старт, односно во 34. секунда, главниот судија покажа и пенал за Лидс, по прекршокот врз Алиоски, но помошникот го подигна знаменцето за офсајд, па судијата ја промена својата одлука.

Голот за водство на тимот на Лидс го постигна Кемар Руф во 20. минута, а во 47. минута Харисон по асистенцијата на Алиоски зголеми на 2-0, а до крајот иако домаќините имаа уште неколку шанси за погодок, резултатот не се менуваше.

Во следното коло Лидс ќе игра на гостински терен против тимот на Стоук.