ВИДЕО: Алими стрела во Романија, реализира пенал во победата на Сепси

Македонскиот репрезентативец Исник Алими постигна нов погодок за својата екипа Сепси во победата на неговиот тим над Глорија Бузау (2-0) во првенството на Романија. 

Дефанзивниот играч за врска изведе пенал за својот тим сигурно и во 18. минута го отвори резултатот. Алими го измами голманот, го испрати на спротивната страна и погоди за 1-0. 

Ова беше четврти погодок за Исник Алими сезонава во дресот на Сепси. Тој постигна и еден за Македонија, во победата над Летонија на гости во Лигата на нациите.