Алими: Лидерството ни прави притисок, но Шкендија оди на „двојна круна“

Екипата на Шкендија го елиминира Вардар од Купот на Македонија и си го отвори патот кон трофејот. Полуфинален предизвик ќе биде Ренова, градскиот ривал против кој Арменд Алими посакува победа и во двата наптревари, затоа што како што вели - „двојната круна“ е цел на тетовчани оваа година.

„Очекуваме различни мечеви отколку во шампионатот со Ренова. Ние сме мотивирани поради фактот дека ја сакаме двојната круна во мак-фудбалот. Се надевам дека ќе ја продолжиме серијата на победи и дека ќе се покажеме во право светло. Лидерството ни прави притисок, но нашите цели се јасни. Сакаме да бидеме најдобри во локалното дерби и верувам дека ќе успееме во тоа“, истакна Алими.

Натпреварот меѓу Шкендија и Ренова се игра утре (среда) на Градскиот стадион во Тетово со почеток од 14.00 часот. Главен судија ќе биде Јосип Бартон.