Алими: Фудбалот понекогаш не ти го дава она што го заслужуваш

Екипата на Шкендија во самиот финиш прими гол и испадна од Номе Каљу од Лигата на шампионите, елиминација која го боли капитенот Арменд Алими. По натпреварот, тој истакна дека искрено жали, посебно за неискористените шанси, но вели дека мора да се продолжи понатаму.

„Имавме многу шанси за гол, многу голема иницијатива, многу стативи и пречки, но не успеавме да го решиме натпреварот навреме. Понекогаш, фудбалот не ти го дава она што го заслужуваш. Но, мора да кренеме глава и да продолжиме понатаму. Не чека нов двомеч, овој пат во Лига Европа, каде исто така има квалитетни екипи. Сега видовме дека сите играат во денешниот фудбал. Не смее да се предадеме иако доживеавме лоша елиминација“, изјави Алими по натпреварот.

Шкендија во квалификациите за Лигата на Европа оди во второто коло, а ќе игра со Валета или Дуделанж.