ВИДЕО: Алии и Величковски го откажаа Пелистер, „лавовите“ го освоија Куп-трофејот

Младинскиот тим на Македонија Ѓорче Петров го освои Купот во својата возрасна категорија, откако славеше со 2-0 (0-0) над битолски Пелистер, во финалниот натпревар одигран во Кичево. 

„Лавовите“ беа подобар противник во текот на целиот натпревар и сосема заслужено се закитија со трофејот во најмасовното натпреварување, а стрелци на погодоците беа Алтин Алији и Никола Величковски. 

Резултатот беше отворен по само две минути игра во второто полувреме, а конечните 2-0 беа поставени во 83. минута, по што започна големото славје за скопскиот тим. 

На патот до финалето Македонија Ѓорче Петров во полуфиналето ја совлада и екипата на Брера Струмица.